Цеца заедно со синот Вељко беа дијагностицирани како позитивни на Ковид-19 пред неколку дена, а затоа што телефонот не престанал да ѝ ѕвони од загрижени пријатели, реши преку видеообраќање да каже дека е добро.
– Да не беше ослабнет вирусот, немаше Владата на Србија да дозволи групирање и немаше да гледаме таков натпревар на стадионот ЈНА со 25 илјади публика. Затоа, мислам дека вирусот е многу многу ослабнат, па ги замолувам медиумите да не шират паника – кажа пејачката во своето обраќање кон фановите.
https://www.instagram.com/p/CBVjX-6DYNE/
Од кога една контроверзна пејачка станува експерт за корона вирусот во период кога бројот на заразени на светско ниво е поголем од било кога?
Српските здравствени власти очигледно е дека треба да реагираат кон вакви “експерти” кои креираат јавно мислење за нешто толку сериозно како што е вирусот Ковид 19.
Дани | ТВ Пакет