Популарната турска актерка Ебру Шахин ги освојува гледачите со улогата на Рејхан во вечерната хит новела на Сител телевизија. “Дива” е серија за љубовта и одмазда, серијата за долгочуваните тајни зад камените ѕидини на Анадолија.
Но, актерката не само што освојува со нејзината елеганција и убавина, туку и со нејзиниот глас. Па така во шоу на турската државна телевизија, таа се фати за микрофонот и отпеа неколку песни на турски и англиски јазик.
Особено внимание привлече со интерпретацијата на ромската химна “Едерлези”, која доби и српска верзија “Ѓурѓевдан”.
Во продолжение, уживајте во гласот на Дива :
Дани | ТВ Пакет