Боки е весело и палаво дете кое многу сака да јаде и да се шегува со другарите, се прави силен и не се плаши од ништо. Колку и да делува палаво, тој е вистински другар, со одлична смисла за хумор и желба да ги насмее сите. Токму таков е и Матео Матоски, петтоодделенецот од ОУ „Петар Поп Арсов“ од Скопје, кој е еден од главните ликови во новата детска авантура за “Зоки Поки”.
Матео ја раскажува приказната за тоа како „Зоки Поки” му станала омилената книга, открива за кого навива, кога бира да се игра надвор, а кога дома, како му се вика симпатијата, каде сака да оди на одмор, што сака да биде кога ќе порасне и уште неколку забавни детали.
Понеделник и четврток на МТВ 1, следете ја најновата детска продукција на Македонската телевизија.
https://www.facebook.com/ZokiPokiTV/videos/241482033874658/?t=11
Дани | ТВ Пакет