Почетна / МК Сцена / Видео | Ексклузивно – слушнете ја најновата песна од Тоше Проески

Видео | Ексклузивно – слушнете ја најновата песна од Тоше Проески

“Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна од нашата единствена и најголема македонска музичка ѕвезда Тоше Проески.

“Kажу да време лечи све” е насловот на песната која се чинеше дека можеби никогаш нема да го здогледа светлото на денот. Но, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка. Затоа токму баш сега, во овој момент, по толку години песната ќе доживее свое издание.

Оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител , диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како (диџеј Ерик Фокс). Toj одлучува демо снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.
Првата демо снимка е направена во септември 2004та година во домашното студио на Кирил.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс). Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев -“Студио Моцарт” од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

“Голема благодарност до целата екипа кои што несебично помогна во реализацијата на песната; Давор Јордановски, Дарко Тасев, Иле Спасев, Јован Јованов и Александар Тасиќ од Лесковац. Посебна благодарност до Александар Трајковски кој што ја донесе песната во Македонија и му ја понуди на Тоше”– ни изјави Кирил.
За спотот се погрижи екипата на “Студио 351” од Кавадарци, светски познати по изработката на лирикс видеа за најголемите светски звезди како Аријана Гранде, Дејвид Гета, Ед Ширан, и многу други. Најголема благодарност до семејството на Тоше за неизмерната подршка за овој проект.

Момчето “љубов”, момчето “енергија” пред 43 години дојде на овој свет и со својата магија во гласот, харизмата, шармот, скромноста, добрината и хуманоста успеа да допре до милиони срца и разубави стотици детски животи.

Дали времето лечи се?..Се чини дека времето никогаш не излечило ништо, само човек едноставно се навикнува да живее со таа болка. Ние останува да живееме со неговата музика, која буди силни емоции, да бидеме горди на неговите музички достигнувања и остварувања, да ги следиме неговите хумани дела и имаме одговорност да го чуваме и негуваме споменот за него.

Тоше – “Те Сакаме сите”!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

error: Содржината е заштитена!