Нова песна на популарниот Лозано која ќе стане дел од проектот “Километри”. Емотивната балада “Мајко” го добива продолжението „Вардаре“, која за кратко време стана вистински хит.
Лазар и Магдалена Цветковски се јавуваат и тука како креатори, додека пак режисер на видеото е Даниел Јовески.
Во најновиов спот на Лозано учествуваа и работеа повеќе од дваесет луѓе, а меѓу нив се актерите Емилија Мицевска Трајковиќ, Горан Глигориески, Марко Богдановски и Сања Јаневски, а тука беа и нивните помлади колеги од актерската школа на Весна Петрушевска – Бејби.
Дани | ТВ Пакет