Една љубов преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации, „One Love Tour“ 2019, по трет пат се одржа во Скопје и го донесе најдоброто од двете држави за сите генерации. На настанот зеде учество и една млада девојка од Бугарија
Вистински музички бран и еуфорија се разлеа на плоштадот во главниот град, а покрај сите изведувачи не остана не заприметена младата петнаесетгодишна Поп и РНБ пејачка позната како Gabby G. која успеа да ја придобие македонската публика со изведбата на “Громови на душа” на звездата Тоше Проески. Едни 3 минути, кои ја покажаа силата на љубовта меѓу двата народа… три минути, кои беа посветени на Тоше.
https://www.facebook.com/GabbyGofficial/videos/505332263633885/?t=0
Почетокот на летото оваа година, оваа пејачка го промовираше нејзиното првенче “Краен Срок”, кое е дело на македонскиот продуцент и композитор Јорданчо Василковски – Оцко и шведскиот хитмејкер Јохан Бејерхоум, кој е автор на едни од најголемите хитови на Араш.
https://www.facebook.com/hitmixmusiccofficial/videos/507900233327356/?t=21
Дани | ТВ Пакет