Почетна / Серии / Видео | Излезе трејлерот за „Непријател“, новата домашна серија на ТВ 24

Видео | Излезе трејлерот за „Непријател“, новата домашна серија на ТВ 24

Од сабота (5 декември) на ТВ 24 стартува новата телевизиска серија на „Солза и Смеа“, насловена „Непријател“.

Серијата е снимена во Битола и битолско, а се состои од 11 епизодни изданија. Во приказната се раскажува за еден крадец, кој влегува во куќа на познат политичар, каде од неговиот дом ќе украде експлицитни снимки.

Во „Непријател“ покрај стандардната екипа на театарот „Солза и Смеа“, се појавуваат и некои од постарите членови, голем број на актери од Народниот театар во Битола, како и неколку јавни фаци од битолската сцена.

Режијата е на Александар Димитровски, директор на фотографија е Александар Котевски, сценаристи се Никола Трагачевски и Александар Котевски, а за музика и тон е задолжен Мими Марковски. Во продолжение погледнете го официјалниот трејлер и доколку ви се допаѓа, следете ја секоја сабота во 22.30 часот на ТВ 24

https://www.youtube.com/watch?v=vVniiWk6Xtk

Дани | ТВ Пакет

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!