Младиот пејач Јасмин Алиевски од Скопје неодамна промовираше ново музичко парче. Станува збор за рефрен испеан на српски јазик, кој лесно „влегува во уво“.
Новата песна на Алиевски го носи насловот „Па како буде“, композиција во целост создадена од авторот Амил Лојо, кој инаку ги напиша „Kladim se na nas“, „Ne dam grijehu na tebe“ на Масимо, и многу други хитови.
Ова е седма песма на пејачот, додека досегашните шест рефрени му се испеани на македонски јазик.
„Музиката ми е сѐ! Колку и да е тешко да опстанеш како музичар во нашата мила Македонија, никогаш нема да се откажам. Сакам да оставам парчиња кои ќе се пеат на разни прослави, за убави семејни собиранки“, вели Јасмин.
Инаку, „Па како буде“ доби и свој видео запис, направен под режиската палка на Даниел Јовески.
Очекуваме многу хитови од Јасмин, а дотогаш, го слушаме рефренот на „Па како буде“ и заедно поддржуваме македонските артисти.
Дани | ТВ Пакет