Македонскиот супербренд Каролина Гочева велигденските празници ги поминува во Њујорк каде нејзиниот сопруг Михаил Корубин деновиве имаше своја сопствена изложба чии уметнички дела беа изложени пред светската критичка елита.
Мега ѕвездата Гочева покрај тоа што на социјалните мрежи сподели фотографии од изложбата на Корубин, таа нѐ почести и со прекрасни моменти од Менхетен каде го прослави нејзиниот роденден токму на најголемиот христијански празник во друштво на сопругот и драгите пријатели Дуке и Исмаил.
А како што и самата вели, секоја дружба со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски завршува со песна, па така и оваа авантура на големиот континент ја заокружија со заедничка изведба на песна од покојниот татко на Дуке. Уживајте во изведбата на единствените Каролина, Исмаил и Дуке :
https://www.facebook.com/KarolinaGocevaOfficial/videos/371378196813331/?t=202
Дани | ТВ Пакет