Почетна / МК Сцена / Видео | Киднапирана докторка во новиот спот на „Два бона“

Видео | Киднапирана докторка во новиот спот на „Два бона“

Урбаните момци кои го донесоа кај нас новиот модерен звук, следејќи ги светските музички трендови; Хип Хоп, РНБ, Трап и Регетон,  Марио Јелиќ (Кун) и Антонио Стојановски (Тони) познати како Два Бона, најголемото освежување на македонската сцена, дуото кое ги полни клубовите до последно место, тука и надвор од државата, го промовираа новото видео за песната “Фрик”.

Продуцент на песната е Cheketz Beats, текстот е на Два Бона. Спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски – God Eye Production. Локацијата на спотот е во Велес во една напуштена болница.

Спотот е со една несекојдневна приказна во која секси докторка го држи Кун заробен во лудница и му прави експерименти со разни препарати, но доаѓа Тони го спасува него, ја киднапира докторката и ја носи на друга локација, и ги прави истите работи што и таа на Кун. Спотот на крај завршува како таа е луда и фрик и завршува во лудница.

Девојката што во спотот се појавува во улога на секси психијатар, не ретко нарекувана скопската барбика, е една од најубавите професорки во Скопје – предава солфеж во средното музичко училиште, мејкап артист и една од најплатените инфлуенсерки кај нас, мајка и сопруга.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!