Демек ставиле титл и ги почитуваат законите?
Правата за емитување и реемитување програма во земјата се уште се толкуваат на различни начини од различни центри, во зависност од тоа на која група oд интерес им припаѓаат.
Без разлика на тоа, постојат кабловски телевизии со права за кабелско емитување на содржини во Македонија кои очигледно не ги почитуваат законите во земјава. Една од нив е кабловската Нова С, која веќе една недела ја емитува американската серија “Бруклин 99” со сосема погрешен титл на македонски јазик. Наместо превод на соодветната епизода, Нова С вметнале превод од некоја друга епизода… и така по ред одат епизодите, без никој од телевизијата да реагира за овој голем пропуст кој е на штета на македонскиот гледач.
https://streamable.com/0nmtfv
Истово да се случеше со било која македонска телевизија, досега Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги ќе делеше опомени, а можеби и казни.
Време ли е некој да го санкционира ваквото каубојско однесување на Нова С и да излезе конечно во пресрет на македонските компании кои ги почитуваат законите и македонските гледачи кои имаат право на квалитетен пренос на ТВ програма?
Дани | ТВ Пакет