Ленче Кукиќ е победничка на овогодишното издание од српското музичко шоу “Никогаш не е доцна”. Во конкуренција со возрасни натпреварувачи од цел регион, нашата Македонска освои две од трите награди.
Ленче беше најдобра според изборот на стручното жири составено од познати пејачки имиња од Балканот, а имаше и најголем број на гласови на гласањето на Фејсбук. За потсетување, нејзиниот сопруг Горан победи на истово шоу пред две години.
Третата награда – гласовите од телевоутингот оваа сезона ги освои повторно Македонец, и тоа Бејхан Рамов од Битола. Очигледно е пишано само Македонци да победуваат во шоуто кое ве потсетува дека никогаш не е доцна да се пријавите и покажете дека умеете да пеете.
И оваа сезона, ексклузивни права за емитување на шоу програмот имаа Прва (Србија), Прва (Црна Гора) и Нова БХ (Босна и Херцеговина). Во продолжение погледнете како изгледаше прогласувањето на победниците :
Дани | ТВ Пакет