Екипата на 1 ТВ вчеравечер го дочека Христовото воскресение со граѓаните пред православните храмови во Скопје. Многу познати јанви личности се најдоа токму “фатени” од камерата на 1 ТВ и “Ексклузив”. Лила беше начекана пред Соборниот храм во Скопје каде традиционално секоја година со свеќа во рака го дочекува моментот на воскресението.
Јајцата секогаш ги вапца сами, за Велигден ретко патува и се труди вечерта да ја помине дома, со најблиските пријатели. Погледнете го разговорот од видеото во продолжение, како и традиционалното кршење со јајца меѓу двајцата водители :
– Ова е празник на љубовта и мирот, јајцето е симбол на едно ново раѓање. Ова е денот кога ја прославуваме победата на доброто над злото и на животот над смртта, ден кога повеќето треба да бидеме дома, вели таа за 1 ТВ.
Дани | ТВ Пакет