Младата пејачка Барбара Поповиќ, која има охридско потекло, водушеви со изведбата на песната „Зајди, зајди“ во српското музичко „IDJ Show“, кое секоја недела го следите и на Алфа телевизија.
Нејзиниот моќен и импресивен вокал не ги остави рамнодушни како публиката, така и жирито и следбениците на социјалните мрежи.
„Моја Македонијо“ – напиша Барбара под својата објава од настапот на шоуто.
Барбара е дипломиран оперски пејач, а има завршено и основно и средно музичко училиште каде напоредно со клавирот изучувала и соло пеење. Добитник е на многу награди од натпревари како во земјава, така и надвор од неа. На стадионот во Скопје пред натпреварот во фудбал помеѓу Македонија и Италија, Барбара ги испеа и двете химни на Македонија и Италија.
Дани | ТВ Пакет