Нов видео запис на популарниот фолк пејач Миле Кузмановски. Музиката и аранжманот на “Последен воз” се подготвени во Прилеп, во студиото на Рубин Димкоски, а текстот на песната е на Орце Зафировски. Се работи за уште една љубовна балада, по теркот на познатите “Не кани ме” и “Крал без круна”.
Пред нешто повеќе од една година, на Кузмановски му се роди ќерката Ева од сопругата Јасмина, додека со поранешната сопруга Вера, која пред седум години ја изгуби битката со тешката болест, има ќерки близначки – Ана и Јана кои имаат 15 години и се средношколки. Во продолжение слушнете ја новата балада и уживајте во романтичниот спот :
Дани | ТВ Пакет