Почетна / МК Сцена / Видео | Младиот Никола со колегите ја преработи „Во Струмица на улица“

Видео | Младиот Никола со колегите ја преработи „Во Струмица на улица“

Еден од најголемите надежни музичари на Македонија пред нов предизвик во корона кризата. Најмладиот македонски вокалист Никола Станишиќ заедно со неговите колеги и пријатели од повеќе музички бендови успеаа да направат една заедничка преработка на познатата “Во Струмица на улица” која звучи навистина интересно и свежи, со оглед дека е изведена од квалитетни и моќни музички надежи.

Покрај Станишиќ, во видеото ги гледате и Тунџај Туна Шавлев, Ване Наумов, Мите Костов, Ченгис Садо и Дамјан Василевски. ТВ Пакет го исконтактира младиот Никола за изјава, при што пејачот со многу ентузијазам и позитива, одговори :

Да, ви благодарам на интересот. Точно е дека овој препев излезе сосема неочекувано, но драго ми е што и вие, а и публиката се задоволни од сработеното. Мојот колега Тунџај Шавлев ми се јави и во еден непосреден телефонски разговор, ми предложи да снимиме преработка на една толку убава македонска песна како што е оваа за Струмица. На негова иницијатива, ете прифатив и се договоривме да приклучиме и други наши другари, инаку одлични музичари, и да ја направиме песната баш како што требa.

Со преработката на ,,Во Струмица на улица’’, овие млади музичари докажуваат дека може да бидат и самостојна музичка група која има што да понуди на фолк сцената. Дали е можна и понатамошна нивна соработка, и можеби бенд во кој со здружени сили ќе настапуваат во иднина, останува да почекаме и да видиме. Во продолжение, погледнете како звучат овие дечки заедно :

https://www.facebook.com/TuncayTunaShavlev/videos/2589250604667876/?t=0

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!