Промовирано е потресно видео на Марија Шерифовиќ за познатата „Молитва“, во кое преовладуваат кадрите од празен Белград во време на карантин.
Видеото премиерно беше прикажано за време на виртуелниот натпревар за песна на Евровизија 2020, кој беше откажан за прв пат оваа година, но како дел од фестивалот, емисијата во живо се емитуваше на малку поинаков начин. Во саботата немаше победници, но сите земји излегоа од оваа ситуација како победници.
На 16 мај 2020 година, победник беше и Марија Шерифовиќ, која на многу светски и емотивен начин ги претстави Србија и Белград пред целиот свет. Веројатно никој не остана рамнодушен додека се редеа кадри од белградските улици за време на полицискиот час, медицинските работници во скафандери и под заштитна опрема, исплашените луѓе и децата со маски…
Впечатоците и реакциите на новиот видео запис на „Молитва“ се одлични. Србија и регионот, но и светот заплакаа пред оваа молитва за спас на човештвото од опасниот вирус. Погледнете и уживајте :
Дани | ТВ Пакет