По “Ја излези Ѓурѓо”, “Слушам кај шумат шумите” и “Нешто ќе те питам бабо”, популарниот македонски бенд Некст Тајм со нова преработка на уште една позната народна песна.
Дуото Некст Тајм во чест на 500-годишнината од постоењето на Куманово ја преработи песната „Јовка Кумановка“, проект кој е во соработка на браќата Мартин и Срефан и Општина Куманово.
Преработката првенствено требаше да биде платена од Буџетот на Општина Куманово, но компанијата „Екстра меин“ одлучи да ја спонзорира и тоа да биде нивен подарок за 500.от роденден на градот. Во продолжение уживајте во првокласната изведба на Некст Тајм :
Дани | ТВ Пакет