Пепа Димитрова го претстави видео записот за својата најнова песна “Студени очи”. Комплетен автор на спотот е Александар Пауновски. Фотографијата ја потпишува 2 С Студио.
Снимeн е на повеќе интересни локации низ Македонија, а за истиот е користен и олдтајмер, Бјуик од 1952 година кој е дел од приватната колекција на колекционер од Битола.
Песната “Студени очи”, Пепа Димитрова ја изведе на годинешниот Макфест. Текстот за неа го напиша Игор Џамбазов, додека музиката и аранжманот се на Слободан Стојанов.
| ТВ Пакет