Актерот Сашко Коцев во серијата „Зоки Поки“ (која стартува од 4 мај во 20:15 ч. на МТВ1), го глуми таткото на Зоки, Филип.
Татко кој на невообичаен и духовит начин му ги доближува животните вредности на своето дете, без да му направи никакви предрасуди за секојдневните случувања или детски препреки и проблеми, ќе каже познатиот актер за неговиот лик во серијата на Прва.
„Ете и ова култно, антологиско дело од нашето детство ја дочека својата екранизација. Бев многу возбуден кога продуцентот ми ги донесе сценаријата како подарок за мојот роденден и рече дека веќе е време да го одиграм првиот татко. Иако е напишана пред многу години, згодите и незгодите на едно дете се универзални и безвременски. Не знам колку ова дело ќе ѝ се допадне на публиката, но знам дека од целиот тим е работено со голема радост и ентузијазам.
Се работеше во една атмосфера каде што заборавивме кој е дете, а кој е возрасен. Секогаш кога на уметничкиот дел од екипата му е забавно, посебно кога актерите се забавувале во својата работа, публиката тоа го препознала како вистински живот на сцената или пред камерите и го поздравила со аплауз. Верувам дека тоа ќе се случи и со ова дело.” – кажува актерот за дневниот весник Вечер.
https://www.facebook.com/ZokiPokiTV/videos/2916639488451847/?t=2
Дани | ТВ Пакет