Младата пејачка и минатогодишна финалистка во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, скопјанката Андријана Петрушовска, оваа сабота (8-ми Јуни) уште еднаш ќе се докаже и покаже зошто е една од најсериозните кандидати за победа во големото музичко талент шоу оваа сезона.
Андријана ги освои сите гласови во полуфиналето и со тоа обезбеди директен пласман за во финалната вечер. Таа изминатите 13 круга доминираше на сцената и со своите интерпретации и редовно ја воодушевуваше жири комисијата на која само и потврди дека станала уште подобра од лани.
Заедно со Кеба, кој беше присутен на полуфиналната емисија, Андријана ја отпеа „Македонско девојче“ и со тоа српскиот пејач даде до знаење дека токму таа е неговиот фаворит за победа.
Дани | ТВ Пакет