Струмичанката Славица Ангелова освои 6 гласа од жирито во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ и се пласираше во големото полуфинале од мега шоуто на Сител телевизија.
Таа ги отпеа „Нека те боли“ од Лина Пејовска во македонска верзија и „Чаробан“ од Нина.
„Славица тоа беше феноменална. Многу не ќе можеа да се изборат со овие песни, но ти успеа….Славица ти ме воодушеви и со стајлингот и со изборот на песни…..„ беа дел од коментарите од жирито кои и доделија 6 гласа и директно се пласираше во полуфиналето од ова музичко шоу.
Бидете со Сител во петок и бодрете ги македонските кандидати во полуфиналето од “Ѕвездите на Гранд”. Финалето е веќе следниот ден, сабота на 24 јуни.
Дани | ТВ Пакет