Почетна / Филм / Викенд кино на Сител со италијански вестерн, романса и комедија

Викенд кино на Сител со италијански вестерн, романса и комедија

Во сабота (22 февруари) во пладневниот термин, Сител ќе го емитува италијанскиот вестерн класик “Денес мене, утре тебе” од 1968 година.

Во ова дело, ја пратиме приказната за Бил, кој по 5 години поминати во затвори, пуштен е на слобода и решава да ја одмазди смртта на својата сопруга, убиена од садистичкиот лидер Команчерос. Затоа, Бил повикува четворица стручњацо во својата банка кои треба да му помогнат кон целта. Во бандата влегуваат жестокиот О Банин, шерифот Џеф, убиецот Бани и коцкарот Колт.

Истиот ден, по вечерниот Дневник, во 23.30 часот следува семејната драма “Дисконектирана љубов” во која ја гледаме ѕвездата на тинејџерската серија “Округот Оринџ”. Како денешната технологија ја разделува љубовта, а како еден текст ќе промени многу нешта во врската на господин и госпоѓа Џонс, гледаме во саботното кино на Сител.
Во недела, за крај на викендот, развеселете се со “Сервис за чистење”, интересна комедија за една мајка која ќе мора да основа специфична компанија како би обезбедила пари за школување на нејзиниот син.
Самохраната мајка ќе треба да отвори сервис за чистење, но.. таков што ќе ги покрие крвавите траги на местата на злосторствата.
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!