Популарната комедија “Наследници” која се емитува на телевизија Сител од сега само за викенд. Секоја сабота и недела навечер расположете се со згодите и незгодите на Онур, Лале и нивните семејства и пријатели.
Таа беше само една обична цвеќарка, а тој богат и згоден бизнисмен. По грешка се запознаа и по грешка се вљубија. Лале е бремена, а семејството на Онур е во трка по наследникот на семејниот бизнис.
Дали неочекуваната бременост ќе го натера Онур да се ожени со девојка која и не ја познава? Дали бременоста на Лале е клучот кон наследството и за двете семејства? Топла и необична приказна за магичната љубов на двајца млади. Приказна која ветува весела пролет и уште пожешко лето со незаборавните доживувања на новите ликови од оваа романтична комедија.
Дани | ТВ Пакет