Откако дознава дека е тешко болен и дека му остануваат само уште неколку недели живот, Кашика очајно сака да го помине викендот со Огњен, неговиот 11-годишен син од претходниот брак.
Кашика е средовечен белградски криминалец, член на старата школа на банди, заробен во време кога бил во полна сила. Неговата поранешна сопруга доаѓа да го види бидејќи е свесна дека Кашики е при крај со животот и дека тоа е веројатно последната средба на таткото и синот.
Со оглед на тоа дека 5 години не го видел синот, сега Кашика се обидува на синот да му всади се што смета дека е важно за понатаму во животот и за опстанок на улица, а притоа да го научи момчето на искуство, на јачина, и мудрост.
Од понеделник, 4 декември во 20.30 часот на Алфа телевизија. Српска мини серија по сценарио и режија на Мирослав Момчиловиќ.
Дани | ТВ Пакет