Денеска во 18:00 ќе започне петтиот по ред „ Пролетен Вино Фест“, а ќе го отворат „Акустик Дивижн“. Веднаш по нив ќе настапи Влатко Илиевски, а за крај свој концертен настап ќе има Игор Џамбазов. Посетителите пет дена ќе имаат можност да уживаат во чашка добро вино од најдобрите македонски винарии и да дегустираат гурмански деликатеси и мезиња од македонски произведувачи. Влезот како и секоја година ќе биде бесплатен, а местото на одржување традиционално е просторот пред „Веро Центар“ во Скопје. Во деновите кои следуваат, се до крајот на викендот, Скопје ќе доживее уште едно одлично винско-гастрономско доживување. Доколку сте љубители на убаво македонско вино, ова е настан кој ќе ви ги разбуди сите сетила.