Почетна / Телевизија / VIP Survivor / VIP Survivor – претставници

VIP Survivor – претставници

 

Ви ги претставуваме учесниците на овогодинешното издание од реалното шоу “Survivor” кое годинава Србија го реализира во соработка со Хрватска и со Македонија. Преживувањето започнува во понеделник, ТВ Пакет редовно ќе ве известува за секој детал од ова популарно шоу, останете со нас и запознајте ги учесниците.

 

Александра Накова (23)
Манекенка, Гевгелија

Згодната Александра успешно чекори во светот на модата и гордо ја носи титулата “Македонската Плејбој зајачица”. Започна во својата земја, а потоа се упати и кон освојувањето на Србија, каде се фотографираше за нивното издание на магазинот “CKM”. Има работено и за познати брендови како: “Calvin Klein”, “Police”…

 

 

Алекс Грдиќ (33)
Фото модел, Загреб

Манекенка и фотомодел, поранешна мис на Хрватска. Еден период имаше и свое шоу “Апсолутно Алекс” во кое пред камерите се предаде на бразилска депилација. Има учествувано и во други реални шоуа така да многу добро знае како тие функционираат.

 

 

 

Ава Карабатиќ (24)
Старлета, Сплит

Јавноста ја запозна преку учеството во реалното шоу “Фарма” и провокативните фотографии направени за “Плејбој”. Студентка е на Филозовскиот факултет во Задар кадешто студира книжевност, латински и италијански јазик. Нејзината струка е фармацевтски техничар. Иако ужива во фотографирањето и позирањето, Ава исто така сака да се обиде и како актерка па планира да се запише на академијата во Сараево или Белград.

 

 

 

Јелена Мачиќ (44)
Шминкерка, Белград

Популарната српска шминкерка, важи за тврдоглава личност која нема влакна на јазикот. Некогаш беше во брак со фотографот Ненад Марјановиќ со кој има ќерка, а нејзината сестра Марија Тарлаќ е една од најуспешните српски манекенки.

 

 

Кристина Беквалац (27)
Модна креаторка, Нови Сад

За разлика од многуте, Кристина го оствари својот сон од детството и се занимава со работата за која отсекогаш сонувала. Во јавноста е популарна и како помладата сестра на една од најпопуларните поп пејачки во Србија, Наташа Беквалац. Нејзиниот развод со архитектот Иво Мартиновиќ, со кој има ќерка, врската со познатиот ракометар Владо Мандиќ и самото тоа што е сестра на популарна пејачка, се само дополнителни причини оваа убава и се повеќе успешна модна креаторка често да е мета на таблоидите.

 

 

 

Маја Лена Лопатни (21)
Студентка, Загреб

Оваа натпреварувачка во ова шоу влегува со својата мајка, познатата актерка Миа Беговиќ. Моментално е втора година на Факултетот за политички науки во Загреб, а има желба да стане водител. Сепак медиумите за неа се интересираат како за ќерка на популарна мајка. Папараците не ја оставаа на мира, а во таблоидите често осамнуваат фотографии од загребските журки на кои таа присуствувала. Ова шоу може да и биде шанса луѓето да ја запознаат онаква каква што навистина е.

 

 

Марко Караџиќ (36)
Политичар, Белград

Марко има завршено Правен факултет. Во САД магистриаше Меѓународно право. Како истакнат борец за заштита на човекоите права и против сите новиоа на дискриминација, добива бројни признанија. Беше државен секретар за човекови права на Република Србија, но по конфликтот со тогашниот министер ја напушти оваа позиција. Денес е комесар за човекови права во ЛДП.

 

 

 

Мартина Врбос (28)
Пејачка, водителка, Загреб

Хрватската поп пејачка, ди-џеј и некогашна водителка на култна емисија за хип-хоп на MTV Adria, Мартина Врбос се обиде и како актерка. Соработуваше со Раде Шербеџија и настапуваше заедно со неговиот бенд на концертите ширум поранешна Југославија.

 

 

 

Миа Беговиќ (49)
Актерка, Загреб

Една од најубавите хрватски филмски актерки. Веќе со 26 години оствари завидна кариера, и покрај покојната сестра Ена Беговиќ, беше меѓу најпопуларните актерки во поранешна Југославија. Зад неа стојат два брака. Има ќерка Маја Лена Лопатни која заедно со неа одлучи да дојде на оваа авантура.

 

 

 

Милан Громилиќ (33)
Балетан, Белград

Милан е танчер во вистинска смисла на зборот. Оженет е со Катарина, која ја запозна во театарот кадешто и двајцата работат како балетани. Антипатичноста која на почетокот ја чувствуваа еден кон друг ја заменија со страст, а нивните две ќерки се плод на голема љубов.

 

 

 

Невен Цигановиќ (42)
Стилист, Загреб

Најпознатиот хрватски моден стилист кој облекува бројни хрватски и странски јавни личности. Покрај тоа, познат е по својот позитивен став кон пластичната хирургија на која неколкупати и сам и се препуштил. Обожува тетоважи и ги има преку 20 на своето тело. Голема желба му е да има свое телевизиско шоу.

 

 

Никола Соќ (26)
Манекен, Цетиње, Будва

Младиот манекен, глумец, миленик на жените и ѕвезда на Фејсбук. Никола е најмладиот натпреварувач во овогодишниот “Survivor”, а припадничките на понежниот пол особено ќе се израдуваат на фактот дека ова згодно момче моментално не е во љубовна врска.

 

 

Огњен Кајганиќ (36)
Ракометар, Белград

Огњен важи за еден од најголемите заводници меѓу спортистите. Познатиот ракометар често доаѓа во родниот град, каде е под постојан “надзор” од папараците. Тие се особено заинтересирани за љубовниот живот на Огњен и неговата слабост кон убавите девојки. Со Александра Јефтановиќ, водителка, беше неколку години во брак, а моментално не е во емотивна врска.

 

 

 
Радован Стошиќ (28)
Мистер Хрватска, Загреб

Мистер Хрватска за 2010-та година, работи како тренер во една теретана и апсолвент е на Книжевскиот факултет во Загреб. Вели дека ужива во својата работа. Во Хрватска важи за еден од најпожелните момци, а информацијата за заинтересираните девојки е: Радован моментално не е во врска.

 

 

 

 

Себастиан Флајс (29)
Сноубордер, Самобор

Неговото второ име е авантура. Уживањето во природата и секако скијањето и сноубордингот му се најголемата страст. Крушката под крушка паѓа, би рекле старите, а дека оваа изрека е точна потврдува и семејството на Себастиан – неговиот татко работи во скијачкиот клуб, а сестра му е инструкторка по скијање.

 

 

 

Станија Добројевиќ (27)
Старлета, Рума

Девојката која ја излуде српската јавност со своето тело и провокативните секси фотографии. На многу форуми е избрана за најубава Србинка, но неа најдрага и е титулата Најубава Плејбој Голф девојка.

 

 

Влада Вуксановиќ (24)
Манекен, Белград

Млад и амбициозен манекен кој го поврзаа со многу познати дами. На неговото совршено обликувано тело жените не остануваат имуни, особено кога ќе прошета по пистата. Сепак, Влада својата работа ја доживува како хоби, затоа што покрај манекенството студира економија.

 

 

 

Жаре Бербер (43)
Водител, Скопје

Водителот на популарното ТВ шоу “Кој те шиша” гледачите во Македонија го познаваат како човек со остар јазик. Во својата емисија, Жарко Богутинов, познат како Жаре Бербер, пречека бројни личности од регионот, а никој од нив не остана поштеден од провокативните прашања кои популарниот водител ги поставува. Во оваа шоу програма Жаре често знае и да запее.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!