Колумбиската теленовела “Златен глас” повторно на програмата на Прва скопска МТМ со репризни изданија од првата епизода. Животната приказна за колумбиската пејачка од понеделник до петок во 21.20 часот. Во продолжение ве потсетуваме на содржината :
50тите години на минатиот век, време на полова дискриминација, време каде жените биле предодредени да имаат повеќе обврски отколку права, а улогите на мајки, сопруги и домаќинки биле над сѐ останато. И во една таква ера, се запознаваме со приказната за Хеленита Варгас, млада девојка која мечтае за слобода и права.
Таа сонува да стане позната пејачка, а музиката е она што го исполнува нејзиното срце и ја разнежнува душата на оние кои ја слушаат. Нејзините најголеми копнежи и задоволства ги доживува токму преку пеењето, со што сака да ги погази сите предрасуди и препреки кои постојат за жените во тоа општество. Нејзината мајка е против тоа Хеленита да стане пејачка, па затоа ќе ја казнува и ќе ја испрати во интернат. Но, гласот за слобода е посилен од било што друго.
Од интернатот, Херман ѝ помага да избега и ѝ нуди шанса да стане пејачка, но она што нашата хероина не го знае е дека пеколот со Херман допрва започнува. Патот до успехот е тежок, а борбата против слепата љубов уште потешка.
Хеленита станува позната пејачка и се изградува како личност, свесна дека популарната музика не познава родови и граници, не познава класи и разлики, а токму на тој пат, таа ќе биде водена од својот глас. Од златниот глас на телото и умот.
Улоги : Majida Issa, Ana María Estupiñán, Diego Cadavid, Leonardo Acosta, Laura Garcia, Luis Fernando Montoya, Greeicy Rendón
Дани | ТВ Пакет