Ти си мојата замисла за љубов откако знам за себе.
И сега те наоѓам. И никогаш толку не сум љубела.
И ти си мојот дом.
И јас мојот дом го плаќам сега.
И со прегратки. И со солзи. Со гревови. Со грешки.
Со камата.
Откако ја доживувам среќата, ја плукам од себе.
И потоа повторно се враќам кај тебе,
затоа што ти си мојот дом.
И кога ни се поврзуваат срцата преку погледи,
јас знам дека мојот дом е кај тебе,
и дека уште ќе плаќам ако е потребно.
И знам дека овој мој дом е зло,
но ти си таму и тоа е сè што некогаш сум сакала.
Бидете подготвени! Стрелките на часовникот почнаа да отчукуваат сè до моментот на почетокот. Почетокот на пролетниот хит на телевизија Сител.
Серија за една несреќна судбина на младата девојка чие срце ќе бира меѓу двајца мажи, меѓу две мајки, двајца татковци и меѓу два дома.
Наскоро на Сител, вистинската приказна “Мојот дом”.
Дани | ТВ Пакет