И во новите емисии на „Визита”, најдобрите лекари од Македонија и регионот доаѓаат да ги сослушаат здравствените проблеми на гледачите и да ги споделат своите искуства, совети и најновите трендови и решенија што официјалната медицина ги нуди.
Емисијата „Визита“ со Билјана Дебарлиева, од понеделник до четврток од сега во 10 часот наутро на Канал 5. И понатака, ќе може да се јавувате директно во програмата за да побарате совет или второ мислење за Вашиот здравствен проблем.
Во нов термин ќе се емитува и “Мојот најдобар рецепт” со Милена Антовска Станковска како водителка во новите емисии. Во услови на пандемија, со ограничени можности за снимање, од домовите на готвач(к)ите – аматери, екипата на Канал 5 се сели во локалите на професионалците, за чии тајни во кулинарството, сме биле заинтересирани отсекогаш.
Конечно, на ова ТВ мени, од понеделник до четврток во 11.30 часот, се сите тајни на големите мајстори, а во знак на поддршка кон угостителско-туристичкиот сектор во Македонија, како најпогоден од кризата.
Дани | ТВ Пакет