Почетна / Сапуници / Вљубениот ерген е „Гавранот“ во новата серија на Дизи каналот

Вљубениот ерген е „Гавранот“ во новата серија на Дизи каналот

Нова турска серија на кабловскиот Дизи Канал. Од понеделник до петок во 17.30 часот се емитува “Гавран” во која главната улога му припаѓа на згодниот Бариш, познат како вљубениот ерген. Во продолжение ве запознаваме со содржината на оваа крими серија.

Чесниот полицаец Јусуф Џебеџи бил брутално убиен од банда криминалци. Но, пред смртта, човекот успеал да го скрие својот син Кузгун од луѓето кои сакале и детето да го убијат. Така, момчето пораснало далеку од дома и никој од семејството никогаш не го пронашол. Растејќи далеку од своето семејство, од своите мајка, брат и сестра, момчето добило друго име, Акча.

По 20 години од трагедијата, сега веќе зрелиот Кузгун сфаќа дека е дојдено време да се врати. Тој сака да се одмазди за смртта на својот татко и за лишеното детство, кое морал да го помине далеку од дома и под друго, лажно име. Сè започнува со неговото враќање во Истанбул.

Кога Кузгун почнува да го бара убиецот, по чија вина починал татко му, ја запознава убавата Дила. Оваа девојка е негова љубов уште од детството. Сега таа пораснала во убава и шармантна жена, па така меѓу двајцата повторно се разгоруваат старите детски чувства, овојпат многу посилни и вистински. Дила решава да му помогне на Кузгун во потрагата по правда, затоа што таа е адвокатка и се предава целосно на своите случаи.

Но, во таа истрага, Дила открива дека злосторниците се всушност партнери на нејзиниот татко, на кои им била понудена голема сума пари за да го направат тоа што го сториле пред многу години. Но, она што за неа е поболно е што зад целата мафија се крие нејзиниот татко Рифат, а Кузгун го знаел тоа и преку неа, сакал да му се одмазди нему. Од тој момент, Кузгун и Дила започнуваат да живеат меѓу љубовта и одмаздата.

За него е приоритет да ја одмазди смртта на татка си, не бирајќи средства и газејќи и по она што го сака, живеејќи меѓу неа и злото. За неа е болно да се соочи со својот татко и да ја прифати горката вистина, вистината дека и таа ќе живее меѓу него и злото.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!