Нова сезона на викенд шоуто “Листа за 300”. Првата емисија од втората сезона започнува во сабота (5 октомври) во 18 часот на Сител, а на самиот старт ќе гледаме интересни девојки за уште поинтересни ситуации.
Неочекуваното ќе се оствари. Портпаролите на СДСМ и ВМРО еден до друг, во ист тим ќе се обидат да го спојат знаењето и да остварат што повисоки суми на пари. Контра тимот на Костадин и Димче ќе биде тандемот Бени Шаќири – Зорица Црношија.
Добивките од емисиите со познатите ќе одат во хуманитарни дела. Затоа, не пропуштајте го почетокот од лиценцираното “Листа за 300”, од овој викенд само на Сител.
Водител на првата сезона беше актерот Дејан Лилиќ, a веќе од втората ќе ве дружи Марко ‘Дај побрзај’. Доколку сакате да учествувате во шоуто и да освоите висока парична награда, испратете меил на [email protected] со вашите лични податоци и телефонски број.
Дани | ТВ Пакет