Почетна / Сапуници / Најзгодните латино актери во новата хит серија „Наследство“

Најзгодните латино актери во новата хит серија „Наследство“

Интригантна приказна за љубов и омраза. Приказна за наследството кое ќе ја разгори борбата за пари и моќ во едно семејство, во кое ништо повеќе нема да биде исто.

Богатата фамилија дел Монте живее на големата хациенда „Санта Каталина“, позната по производство на авокадо. Дон Северијано дел Монте има пет синови, кои се посвоени затоа што неговата покојна сопруга не можела да има деца. Овие браќа се вистински јунаци, кои се разликуваат во своите карактери и потреби.

Одлуката на стариот да го назначи синот Хуан за директор на компанијата ќе наиде на поддршка кај синовите Матео и Лукас, но и на големо негодување од страна на другите синови, Педро и Симон.

Сѐ се менува во мигот кога таткото умира, а на денот на читањето на неговиот тестамент, одненадеж се појавува младата и убава Сара. Сара е вонбрачна ќерка на дон Северијано, која растела далеку од татка си, покрај својата алчна и неодговорна мајка Дебора.

Тоа што ќе ги шокира сите е што покрај браќата, и Сара е дел од големото наследство. Но, во тестаментот постои еден услов – за сите наследници да го добијат својот дел, ќе мора една година да живеат под ист покрив на големата хациенда.

За сите, ова ќе биде неочекувано изненадување, но поради желбата за пари и во име на мирот и семејната чест, ќе мора да ја прифатат реалноста. Па така, новата наследничка ќе започне да живее на имотот и ќе се вљуби во Хуан дел Монте.

Но, на патот на нивната среќа, тие двајца ќе мора да се изборат со сите препреки на злобниците и да ја пронајдат својата среќа во виорот на лагите, тајните и интригите.

Од понеделник до петок во 13.45 часот на Телма телевизија – мега хитот “Наследство”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Последна шанса за Сејран и Ферит во финалната сезона на „Женкар“

Откако Сејран се соочи со тешка болест, оставајќи го Ферит да продолжи со својот живот, …

error: Содржината е заштитена!