Во Кинотеката на Македонија, летно кино „Мирно лето“, сабота, 6 август, во 19:45 часот ќе биде одржана авторска вечер на Лазар Нелковски, во рамките на која премиерно ќе биде прикажан неговиот прв документарен филм „Скопје – Градот на трудот“, ќе бидат прикажани филмските вежби кои ги изработи во рамките на филмската училница на Кинотеката на РСМ, како и краткиот игран филм DREAM во режија на Ленид Загрос, во кој игра главна улога, кој исто така за прв пат ќе биде прикажан пред публика.
По завршување на филмските проекции Нелковски концертно ќе го презентира својот прв музички албум BORDER.
Филмот „Скопје – Градот на трудот“ е свеж поглед на младите кон градот Скопје, неговата историја и архитектура, тоа е бакнеж на новата генерација кон својот роден град. Филмот DREAM е љубовна драма во којашто е обработена тема за анонимен фотограф заљубен во девојка којашто е во врска со неговиот ривал.
Дани | ТВ Пакет