ТВ Пакет дознава – турската комедија “Yeni gelin” е откупена во Македонија. Наскоро серијата треба да започне со емитување на една национална телевизија. Се работи за хумористична драма во која една девојка доживува вистински културолошки шок кога доаѓа во конакот на нејзиниот маж со кого штотуку се омажила.
Убавата и образована Бела со модерен начин на облекување и западноевропски сфаќања одеднаш се наоѓа сред конзервативна средина со традиционални начела на однесување и облекување. Многу роднини, многу проблеми. Многу луѓе во конакот, многу неволји на повидок.
Сите со свои барања, сите со чудни желби, сите специфични на свој начин. Нема да биде лесно за новата невеста да се вклопи во една таква чудна околина особено кога такви луѓе се нејзиното ново семејство.
Дани | ТВ Пакет