Почетна / Телевизија / Смисла во бесмисленоста во недела на театар на Наша со „Јов“

Смисла во бесмисленоста во недела на театар на Наша со „Јов“

Недела (28 октомври) во 21.30 часот и вторник (30 октомври) во 22.15 часот на Наша ќе се емитува театарската претстава “Јов”. Tекстот е на Венко Андоновски, а во режија на Сашо Миленковски. Музиката е на Венко Серафимов, кореографијата на Валентин Апостоловски, а дизајнот на Владимир Симоновски. Венко Андоновски истакна дека „Јов“ е обид да се види до каде се денес границите на трпението и поднесувањето страдања кај човекот и човештвото воопшто.

„Текстот за претставата ’Јов‘ го работев во последниве 3-4 години, бидејќи е моја трајна опсесија. Идејата е во тоа што ние малку говориме за тоа што е очигледно, а во денешното време најочигледно е дека сите страдаме од сознајна, или гносеолошка, депресија, кои се термини на австрискиот психијатар Виктор Франкл. Се разболуваме поради тоа што бесмислата не оптоварува од сите страни и сѐ помалку наоѓаме смисла во животот. Претставата се обидува со, на некој начин, бесмисла, да делува терапевтски токму врз нашата сознајна депресија, следејќи го системот – исто со исто се лекува. Темата е многу јасна – бараме смисла во бесмисленото“, образложи авторот на текстот, Венко Андоновски.

Во претставата настапуваат: Игор Стојчевски (Јов), Соња Стамболџиоска (жената на Јов), Филип Трајковиќ, Златко Митрески, Игор Георгиев, Александра Павлова, Емилија Мицевска, Благица Димитровска.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!