Почетна / Филм / Во пресрет на Божиќ, култните филмови за Зона Замфирова на Сител

Во пресрет на Божиќ, култните филмови за Зона Замфирова на Сител

Oвој викенд, во пресрет на големите христијански празници, Бадник и Божиќ, на Сител телевизија ќе се емитува популарна играна програма за целото семејство. Во сабота (5 јануари) во 16.30 часот ќе се емитува најгледаниот српски филм на сите времиња, “Зона Замфирова”.

Љубовта меѓу Зоне и Мане, родена во едно минато време во Ниш, а пропратена со многу хумор и песна и овојпат ќе ги расположи и разнежни гледачите на Сител. Катарина Радивојевиќ, Војин Ќетковиќ, како и великаните на екс ју кинематографијата, Милена Дравиќ и Драган Николиќ во познатиот српски филм од 2002 година, приказната за Зона Замфирска.

Во недела, ден Бадник (6 јануари) во истиот термин на Сител, премиерно во Македонија ќе се емитува “Врати се, Зоне” продолжението на филмот, снимено во 2017 година. Сосема нови актери во приказната за Зоне и Мане, чиј брак ќе биде овојпат ставен на тест.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!