Уште една реприза во морето репризни содржини на Алфа. Од понеделник до петок во 23.45 часот ќе се емитува повторно српската хумористична серија “Пеј, брате!”. Работена е по театарска претстава, а по сценарио на Стеван и Сташа Копривица и има вкупно 24 епизоди.
Серијата ги прати случувањата на тројца музичари кои се обидуваат да се пронајдат себеси во едно окружување каде доминира фолк и турбо фолк музиката. Пропаднатиот металец Фајта, хипхоперот У-Џејл и поп пејачот Маријан се тројца исклучително различни карактери.
Секој од нив, на свој начин, ќе се обидува да успее во земја во која нема ниту музичка сцена, ниту музичка индустрија, туку само едно големо море на таленти и антиталенти. Тројцата ќе се спојат во студиото на Фајта, кој трпи притисок за пари што од неговата сопруга која сака да има бебе, што од газдарицата Силвана која му дише за врат поради неплатената кирија.
Затоа, Фајта решава да ги смири У Џејл и Маријан за да снимат свој проект, и на тој начин да заработи од нив. Но, кога тие ќе снимат нешто ново, кое е една чудна верзија на епски народен хип хоп со примеси на поп, Фајта гледа заработка и во целата ситуација и решава и тој да се пробие на естрадата.
Во главните улоги ги гледаме Андрија Милошевиќ, Милан Васиќ и Милан Калиниќ.
Дани | ТВ Пакет