Почетна / Живот / Во време на изолација, балетот „Лебедово езеро“ на BBC во када

Во време на изолација, балетот „Лебедово езеро“ на BBC во када

„Лебедово езеро“ е балет, одигран во најграндиозните оперски куќи низ светот. Но со оглед на новонастанатите околности, новата верзија нарачана од BBC ќе треба да се изведува во кадите на балетските играчи.

„Лебедово езеро во бања“ ќе биде направено врз основа на музиката на Чајковски, а кореограф е Кори Бејкер. Тој сакал да создаде дело кое ќе ги здружи играчите кои се во изолација и се запрашал што е она што сите би го имале дома. Најлогичното нешто поврзано со вода било – када или туш.

Секој изведувач би се снимал себеси со телефонска камера со подобар квалитет – некои танцуваат во обоена вода, други користат пердуви од 20 перници. Триминутниот филм ќе биде достапен онлајн како дел од поширокиот проект на BBC, Култура во карантин. Играчите се од различни меѓународни компании а сите се среќаваат преку Зум.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!