Две српски телевизии со национална концесија, Пинк и Прва, последните денови водат војна поради лиценцата за шоу програмата „X Factor“.
„Трката почна уште пред шест месеци, кога РТС поради недостаток од финансии се откажа од овој проект. Сега се разгледува прашањето кој може да понуди подобри продукциски услови за реализација на оваа програма“, вели извор на српскиот Курир, додавајќи дека наскоро ќе се знае на кои телевизии ќе се емитува „X Factor“.
„Сопствениците на лиценцата и нивните затапници наскоро ќе мораат да донесат одлука затоа што почетокот на емитувањето на ова мегапопуларно шоу е предвиден за следната телевизиска сезона“, порачува изворот.
Пред еден месец и во Македонија беа пуштени информации дека шоуто за таленти од септември ќе се емитува на една од македонските телевизии. Наводно, телевизијата која во свои раце ја има лиценцата за планетарно популарното шоу била Сител телевизија. Иако се крена голема прашина околу ова прашање, Сител телевизија сеуште не излезе со официјална изјава ниту пак потврди дека ќе биде дел од овој проект.
| ТВ Пакет