Почетна / Серии / „Вовед во анатомија“ стана најдолгата американска медицинска драма

„Вовед во анатомија“ стана најдолгата американска медицинска драма

Дали се сеќавате на долгите шест возбудливи сезони на вашата омилена медицинска драма чии епизоди возбудливо ги чекавте на А1? Дали се сеќавате на вашите омилени ликови кои секојдневно спасуваат стотици пациенти?

“Grey’s anatomy” стана една од најпознатите американски серии и воедно го скрши рекордот и стана најдолгата Американска прајм-тајм медицинска драма, со што ја надмина една од најпопуларните серии на почетокот на дваесетиот век „Ургентен центар„ (ЕR). Со 332.та епизода, односно 15.та епизода во најновата 15. сезона, на 28 Февруари оваа година таа го скрши рекордот и беше гледана од приближно 7 милиони гледачи.

И покрај тоа што многу од актерите си заминаа од серијата (независно дали нивните ликови починаа или заминаа во подобра иднина), таа остана една од најгледаните серии секој четврток покрај “The big bang theory”, “Young Sheldon”, “Million little things”и други. Па така „Вовед во анатомија “ е обновена за нова шеснаесетта сезона за која не се знае дали ќе биде последна.

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!