Почетна / Серии / Нова српска хумористична серија за викенд на Канал 5

Нова српска хумористична серија за викенд на Канал 5

Кои се луѓето кои најдобро можат да ве разберат, да ви помогнат…со кои можете да споделите и добро и лошо? Луѓе со кои се сакате, мразите, шпиунирате, озборувате, подметнувате, се смеете и плачете заедно…луѓе со кои едноставно живеете.

„Врата до врата” е српска хумористична серија која ќе го разбуди духот на соседството во вас и ќе ве насмее до солзи. Приказна за соседи во една сосема обична зграда, нивните, наизглед, обични животи, меѓусебни односи и комични ситуации во кои ќе се најдат.

Управникот на зградата, Милош Газивода е човекот кој е одговорен за редот и мирот но, тој е и човекот кој знае се’ за секој станар во зградата. Во паузите од негвото чистење, поправање и бришење во зградата, тој ги прислушкува и набљудува своите соседи.

Сара е згодна, современа, модерна и млада адвокатка која живее сама во зградата и има одличен однос со своите соседи кои ги среќава по ходниците, во лифтот, на скалите и пред зградата.

На трет кат живее семејството Петровиќ и нивниот син Душан, до нив е семејството Сибиновиќ и нивниот син Лав. Веднаш над нив живеат двајца студенти Лука и Борис, кои постојано се борат за вниманието и љубовта на нивната прва сосетка Сара.

Канал 5 ги помакува своите гледачи секоја сабота и недела во 15:20 часот да се забавуваат со овие соседи, сосема обични луѓе во многу необични ситуации!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!