Почетна / Забава / Време е за никогаш одржаниот концерт на Галија во Скопје

Време е за никогаш одржаниот концерт на Галија во Скопје

Првиот концерт во Скопје од страна на Авалон Продукција беше организиран во Куршумли Ан, на 28ми август, 1993та со Електрични Оргазам. Вториот концерт требаше да биде на истото место, на 11ти септември, 1993та, со Галија.
Пред отворање на вратите, се споија небо и земја и одржувањето на концертот беше невозможно. Концертот никогаш потоа не се одржа. Не само што не се одржа, туку, верувале или не, добри 30 години, патиштата на Авалон и Галија во меѓувреме никогаш за ништо не се сретнаа?! Но, нормално, секој отворен круг… мора да се затвори. Време е за никогаш неодржаниот концерт на Галија!

И тоа… овој пат, премиерно во Скопје, проектот ,,Акустично као некада”, или, ако подобро сакате, проектот ,,Unplugged: Best of Галија”, на 15ти декември во 20 часот, во совршен простор за овој настан – Македонска филхармонија. Што да се каже за Галија? Еден од ретките бендови од регионов кој не само што има огромен број на одлични албуми и безвременски хитови, туку и во живо звучи добро како најдобрите светски бендови од тој тип!

,,Још увек сањам”, ,,Дигни руку”, ,,Да ли си спавала”, ,,Трубе”, ,,Корак до слободе”, ,,Када ме погледаш” се навистина легендарни песни и ќе биде огромно задоволство да ги слушнеме, заедно со уште многу други во акустична варијанта на Неша и осумчлената екипа.

Влезниците се во продажба оонлајн на https://ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од:
1.200 денари и
1.500 денари – ВИП
Искуството и историјата на авалонските концерти во Македонска филхармонија кажува само едно – бидете брзи!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

error: Содржината е заштитена!