Продолжението на серијата “Клан” носи возбудливи приказни кои ќе го следат понатамошниот подем на мафијашкиот клан на чело со Шок и Паша.
Тие напредуваат во криминалната хиерархија и воспоставуваат нов бизнис модел – киднапирање на богати луѓе, што претставува нов извор на приход за кланот, но и за нивните претпоставени од редовите на командосите од државнатата безбедност, како и за Бубон.
Мотивирани од пари и престиж, Шок и Паша постепено го усовршуваат својот нов деловен модел, со помош на нивните соучесници од полицијата, здравството, политиката, намерните и случајни соработници и членовите на нивните семејства.
Од вторник, 4 октомври во 22.15 часот на Телма. Од понеделник до четврток, втора сезона на “Клан”.
Дани | ТВ Пакет