На местото на “Фантастични дизајни”, секој вторник во 14.30 часот на Телма ќе ги гледаме “Урбаните херои”, нова документарна серија со која ќе уживаме но и ќе се едуцираме.
Земјоделството е тренд во подем, без разлика дали се враќа на периферијата, на покривите или директно во деловните центри. 70% од светското население се храни благодарение на земјоделството во сите негови облици. Светот секојдневно расте, а со тоа и потребите за квалтетна и достапна храна.
Документарната серија „Урбани херои“ оди до најубавите пејзажи во светот и запознава луѓе кои одново ги пишуваат правилата за егзистенција на локална економија во нивната земја.
Дани | ТВ Пакет