Овој Септември, сите патишта повторно водат кон Ровињ
Викендот се враќа!
Настанот кој ги привлекува и обединува сите оние кои се заинтересирани за трендовите и новитетите во светот на медиумите и агенциите- Weekend Media Festival, се враќа во Ровињ оваа година од 23ти до 26ти септември. 14-то издание на најдобриот регионален фестивал ќе се оддржи во просториите на старата Фабрика за тутун под мотото „I love Weekend“, ќе ги слави животот, љубовта и заедништвото.
Главниот фестивал за медиумската индустрија во Ровињ е настан на кој секогаш се создаваат нови идеи. Секое ново издание е дестинација на повеќе од 6.000 експерти, предавачи, панелисти, посетители, странци, локални жители и сите оние кои сакаат да научат за новостите во индустријата, да ги споделат своите искуства и успешни практики и да ги коментираат новитетите и трендови кои доаѓаат.
На традиционалното место на одржување, ровињското крајбрежје, фестивалот ќе трае три дена, а покрај интересните панели и дискусии, загарантирана е и врвна забава. Се разбира, сè со почитување на мерките што ќе ја гарантираат безбедноста на сите учесници и гости.
Од денот на најава на новиот WMF започнува продажбата на Early bird tickets, по најдобри цени, кои се резервирани само за периодот од 7ми јули до 13ти јули.
Дани | ТВ Пакет