25 ноември – Арена “Борис Трајковски” – кратко и јасно
Неверојатна вест денеска ги израдува фановите на најголемата рок атракција на сите времиња, “Whitesnake”. Најголемата македонска музичка продукција – Авалон – ги носи Вајтснејк во Скопје, оваа година на 25 ноември во салата “Борис Трајковски”. Скопје е еден од градовите кои се вклучени во светската турнеја на рок бендот. На турнејата, групата ќе го промовира својот најнов албум “The Purple album” кој во продажба ќе се најде на 19 мај.
За овој албум Дејвид, фронтменот на групата изјави: „Овој албум го издавам во знак на голема благодарност кон групата Deep Purple. Како што неодамна му реков на Richie: Вие момци ме однесовте на неверојатно музичко патување кое се’ уште трае и благословен сум што ве имав за учители! Едвај чекам да ги отпеам овие прекрасни песни во живо и да запловам со фановите во Purple магијата!“.
Влезниците за овој голем спектакл за целата светска турнеја во продажба ќе бидат пуштени на 17-ти април, а ќе можат да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.
Here I go again, Is this love, Now you are gone, Slow an’ easy, Aint’ gonna cry no more, Gove me all your love, Walking in the shgadow of the blues, Fool for your loving, Bad boys … се само дел од песните на овој мега спектакл. До концертот, останете со ТВ Пакет и дознајте ги сите детали поврзани со групата која за ноќ достигна и опстана со светска слава.
Доста и е на Македонија од Гранд и Пинк ѕвезди, време е за нешто светско, нешто големо и квалитетно. Браво, Авалон!
Дани | ТВ Пакет