Почетна / Живот / „Winamp“ се враќа на дигиталната музичка сцена

„Winamp“ се враќа на дигиталната музичка сцена

Стариот и доста познат музички софтвер „Винамп“ се враќа „на сцената“ откако програмерите го подготвија првото надградување на МП3-програмата по четири години.

Матичната компанија „АОЛ“ згасна во 2013 година, откако конкурентните апликации и стрим-услугите како „Спотифај“ и сл. ја заменија програмата.

Сепак, „Радиономи“ го врати „Винамп“ следната 2014 година како дел од развојот на неговите интернет-музички планови, а тимот вети „целосно ново искуство“, вклучувајќи „подкаст“ и „радио“ функции.

„Винамп“ ќе треба да се прилагоди на новите текови, бидејќи „стримот“ сега доминира во технолошкиот свет на музиката преку мобилните телефони и „паметните“ звучници… Сепак, кај многумина, се чини, ќе разбуди убава доза носталгија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

error: Содржината е заштитена!