Аби Дојл, интернационална менаџерка на продукциската куќа „Сајко“ и десна рака на Сајмон Коуел, творецот на најпопуларното музичко шоу на светот „Х Фактор“, минатата недела беше гостинка на продуцентите во Белград. Таа го надгледуваше текот на снимањето на дел од епизодите на ова шоу, што од 29. октомври ќе почне да се емитува на Сител. Впечатоците таа ќе ги пренесе лично на нејзиниот шеф, познатиот телевизиски и музички продуцент Сајмон Коуел.
– „Среќна сум што конечно сум во Белград и што можам да го изразам големото задоволство од квалитетот на продукцијата и пријавените кандидати во првата сезона на „Х Фактор“ на овие простори. Бев запознаена со пејачкиот потенцијал и талентот на луѓето од Балканот и токму во тоа и лично се уверив. Вашите натпреварувачи имаат огромен талент, свежина, желба за успех, и мило ми е што најдобрите ќе имаат прилика да соработуваат со продукциската куќа „Сајко“ и со „Сони Мјузик“. Музиката е универзален јазик, не познава граници и навистина постои голема шанса токму овде да ги најдеме новите светски ѕвезди како групата One Direction, Leone Luis и други. Едвај чекам шоуто да почне“ – изјави Аби Дојл.
Во прилог се ексклузивни фотографии од бекстејџот на „X Factor“. Покрај неколкуте македонски учесници ќе ја видите и македонската водителка на шоуто Сенеже Велков во придружба на срспкиот водител Бане Јевтиќ кои се подготвуваат за големиот почеток на најголемото шоу!
{gallery}102013/sneze3{/gallery}
Крис Манев | ТВ Пакет