Српскиот портал “Novosti” дознава дека натпреварот кој од анонимните таленти прави големи ѕвезди, ќе се емитува на RTS, а зад него стои MBK, истата продукциска куќа која работи на шоуто “Јас имам талент”.
Тајната е откриена – најпопуларното музичко шоу на светот, “The X Factor”, стигнува во Србија! Нашите соседи ќе треба да бидат трпеливи затоа што новото шоу веројатно ќе почне да се емитува дури по завршувањето на четвртата сезона од “Јас имам талент” која е во подготвителна фаза.
Инаку, втората сезона во САД започнува во септември, а како членови на жирито се споменуваат Мараја Кери и Бијонсе. Кому оваа задача ќе му ја доделат Србите сеуште не се знае, но се работи за особено важна улога, затоа што судиите истовремено се и ментори на кандидатите и им помагаат околу изборот на песните, гардеробата и кореографијата. Да се надеваме дека некоја од големите македонски телевизиски куќи ќе одлучи да го откупи овој квалитетен проект, бидејќи навистина вреди!
Martin M. | ТВ Пакет